Дома Фудбал Останато Матераци објасни зошто би го избрал Лукаку пред Ибрахимовиќ

Матераци објасни зошто би го избрал Лукаку пред Ибрахимовиќ

Легендарниот фудбалер на Интер, Марко Матераци има почит кон Ибрахимовиќ и Лукаку, но повеќе би го избрал Белгиецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во еден период Матераци играше заедно со Ибрахимовиќ, но тоа не влијаеше да го избере Швеѓанецот. На оваа тема Матераци зборуваше пред неделното дерби на Интер против Милан.

„За победа против Милан на Интер му е потребен перфектен натпревар како што одигра против Јувентус. Милан заслужува респект затоа што играат фантастична сезона. Јас се надевам дека Интер ќе доминира“.

Следуваше прашањето да избере еден од Лукаку и Ибрахимовиќ.

„Ибра е голем лидер и никогаш не сака да губи. Сепак кога би бил тренер би го избрал Лукаку затоа што е помалд. Како и да е тоа се двајца играчи кои можат да направат разлика“, изјави Матераци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веќе е речиси јасно: Познат потенцијалниот противник на Босна во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на прагот да обезбеди место во елимина…