Дома Фудбал Англија Мата порачува: Дојде време да бидеме оптимистични

Мата порачува: Дојде време да бидеме оптимистични

mata

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Хуан Мата порача дека со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер време е за оптимизам во клубот.

Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната ќе биде предводен од поранешниот играч на овој клуб Оле Гунар Солскјер, кој во саботата дебитираше со победа против Кардиф од 5:1.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Легендарниот Оле Гунар Солскјер е наш нов тренер и не можевме подобро за започнеме. Тоа беше убедлива победа против Кардиф и мотивот ќе се подигне до крајот на годината. Време за оптимизам, да гледаме напред и напорно да работиме за да го поравиме пласманот на позицијата. Нашите навивачи заслужуваат да играме подобро“, изјави Мата.

Манчестер Јунајтед утре на „Боксинг деј“ ќе го пречека Хадерсфилд.

„Тој датум ме потсетува на првите месеци поминати во Премиер лигата, пред седум години, а тие денови за мене станаа најдобри во годината. Многу семејства се на трибините и се надеваме дека празничната атмосфера ќе придонесе за добар фудбал. Тоа е посебен ден за англискиот фудбал“, изјави шпанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…