„Ѓаволите“ ја започнаа турнеата, со ваков тим и без 13 играчи резултатот е во втор план. До почетокот против Лестер остануваат уште три недели.
Во првата проверка Манчестер Јунајтед ремизираше во Аризона против мексиканската Америка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мурињо не можеше да се смета на репрезентативците, плус Санчез кој имаше проблем со визата, па ја доби нешто подоцна. Јунајтед ќе одигра уште пет натпревари, но на поголем дел од овие играчи кои одиграа 1:1 со Мексиканците ќе мора да смета во првото коло против Лестер.
Садионот во Аризона беше полупразен, европските гиганти со ваков состав не се магнет за навивачите.
Мурињо испрати искусен тим, а шест од седум тинејџери кои ги поведе на турнеата добија шанса, дебитираше Грант, ветеранот кој пристигна од Стоук.
Америка поведе со голот на Хенри Мартина, додека Англичаните избегнаа пораз со голот на Хуан Мата после асистенцијата од младиот Чонг.