Бундеслигашкиот клуб Келн официјално објави дека нивниот меч против Борусија Менхенгладбах нема да се игра поради неповолни временски услови.
Причина за одложување на средбата од германската Бундес лига е големото невреме кое го зафати тој дел од Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Западна Европа напаѓа ураганот Сабине, има ветер од 100 км/ч, па не може да биде гарантирана безбедноста и масовно се одложуваат фудбалски натпревари.
Во Холандија веќе се одложени средбите од првата лига меѓу: Утрехт – Ајакс, Аз Алкмар – Феенорд, Спарта Ротердам – Ден Хаг и Емен – Твенте, а истото се случи и во Белгија па денеска нема да играат Стандард Лиеж – Бриж, Антверпен – Генк и Беверен – Кортријк.
❗ +++ #BMGKOE cancelled +++ ❗
— 1. FC Cologne (@fckoeln_en) February 9, 2020
The Bundesliga game between #effzeh and Borussia Mönchengladbach scheduled for Sunday has been cancelled due to storm Sabine. The safety of the fans could not be guaranteed. pic.twitter.com/Hp80HmpFkk