Дома Македонски спорт Мак фудбал Маслаќ и пресуди на Шкендија: Струмичани се радуваа во Тетово (ВИДЕО)

Маслаќ и пресуди на Шкендија: Струмичани се радуваа во Тетово (ВИДЕО)

Денес во рамките од 10-тото коло од македонското фудбалско првенство Академија Пандев ја победи Шкендија со 0:1.

Во еден тврд натпревар без многу шанси гостите од Струмица се радуваа во Тетово. Единствениот гол на натпреварот го видовме во последните секунди од првиот дел кога Марио Маслаќ со глава погоди за 0:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На клупата на Шкендија ова беше прв натпревар за Ѓока и сигурно не може да биде задоволен од резултатот.

Со овој триумф Академија Пандев ќе биде лидер на табелата барем до утре кога Вардар ќе игра против Македонија Ѓорче Петров. Шкендија пак ќе остане на шестата позиција, а доколку победат Силекс и Ренова тогаш Тетовци ќе паднат во зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…