Дома Фудбал Мартинез се огласи: Наинголан не е повикан затоа што за него нема улога во тимот

Мартинез се огласи: Наинголан не е повикан затоа што за него нема улога во тимот

Белгискиот селектор Роберто Мартинез денес објави список од 28 играчи за Мундиајлот во Русија, но до 4 јуни истиот ќе мора да биде скратен на 23. Комплетниот список можете да го погледнете ТУКА.

Големо изненадување на списокот на Мартинез е изоставувањето на играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан кој набрзо потоа и се прости од репрезентативниот дрес.

„Припремите ги започнуваме со 28 играчи со цел да и дадеме шанса на сите и секој во репрезентацијата има различна улога. Знаеме дека Наинголан одигра многу важна улога во својот клуб, но во репрезентацијата за него нема улога. Тој е голем играч и причината поради која е изоставен е тактичката замисла. Во последните две години тимот работеше на посебен начин“, изјави Мартинез.

На местото на Наинголан се повикани Аксел Витсел од кинескиот Тианџин Куанџин и Маруан Фелини од Манчестер Јунајтед.

Наинголан не играше ниту на минатото Светско првенство во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила бара голман во Ривер: Белтран на радарот, конкуренти се Атлетико и Фиорентина

Астон Вила го следи 22-годишниот Сантијаго Белтран, а Ривер Плата сака со нов договор и кл…