Белгиескиот селектор Роберто Мартинез денес го соопшти список од 28 играчи, а од нив ќе отпаднат петмина.
Како и што најавивме претходно на списокот го нема играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан и тоа дефинитивно е најголемото изненадување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мартинез и Наинголан не се во добри односи, па играчот за врска кој би можел да се прости од репрезентацијата ќе го пропушти Мундијалот.
Но и без него тимот на Белгија изгледа навистина одлично, а најинтересно е што повика четири голмани!
Списокот на Белгија:
Голмани: Коен Кастлес (Волфсбург), Тибо Куртоа (Челзи), Симон Мињоле (Ливерпул), Матс Селс (Њукасл).
Одбрана: Тоби Алдервилд (Тотенхем), Дедрик Бојата (Селтик), Лаурент Симан (Лос Анџелес ФК), Кристијан Кабсел (Вотфорд), Винсент Компани (Манчестер Сити), Џордан Лукаку (Лацио), Томас Муниер (ПСЖ), Томас Вермален (Барселона), Јан Вертонген (Тотенхем)
Среден ред: Насер Чадли (ВБА), Кевин Де Брујн (Манчестер Сити), Муса Дембеле (Тотенхем), Леандер Дедонкер (Андерлехт), Маруан Фелаини (Манчестер Јунајтед), Јури Тилеманс (Монако), Аксел Витсел (Тијанџин Куанџин)
Напад: Мичу Батшуаи (Челзи), Кристијан Бентеке (Кристал Плас), Јаник Караско (Далијан Јифанг), Еден Хазард (Челзи), Торган Азар (Борусија Менхенглдбах), Аднан Јанузај (Реал Сосиедад), Ромелу Лукаку (Манчестер Јунајтед), Дрис Мертенес (Наполи).