Дома Фудбал Останато Мартинез за глупоста со „Златната ракавица“: Тоа е единствената работа на која не сум горд

Мартинез за глупоста со „Златната ракавица“: Тоа е единствената работа на која не сум горд

Aргентинскиот голман, Емилијано Мартинез иако беше херој на Мундијалот во Катар, сепак многу се зборуваше и за неговиот непримерен потег со признанието за најдобар голман на турнирот.

Мартинез сосема заслужено ја доби „Златната ракавица“ бидејќи беше одличен во текот на целиот Мундијал, а во финалето одбрани ситуација „еден на еден“ со Коло Муани во 121-та минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Мартинез порача дека се кае за таквиот потег.

„Кога ќе размислам и денес, верувам дека не требаше да го направам тоа. Тоа е единствената работа на која не сум горд. Направив глупост, но го направив тоа и на Копа Америка.

Пред Светското првенство пријател ми кажа дека не очекува повторно да направам такво нешто, меѓутоа јас никогаш не се грижам што велат другите. Сепак, после критиктие кои ги добив размислив…Жалам и како што кажав тоа е единствената работа на која не сум горд“, порача Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…