Белгија вчера ја елиминираше Португалија од Европското првенство, но оваа селекција се соочува со проблеми за понатамошниот дел од турнирот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во натпреварот со Португалија со повреди се здобија, Еден Азар и Кевин Де Брујн. Посебно сериозна е ситуацијата со фудбалерот на Манчестер Сити.
Де Брујн заработи повреда на скочниот зглоб по еден дуел со Португалецот Палиња. Можеше да се забележи дека повредата не е наивна затоа што Палиња веднаш побара да биде заменет.
Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез најави дека ќе треба да се почека за да се види во каква ситуација е Де Брујн, но потенцираше дека неговиот зглоб не изгледал добро.
„По деталните прегледи ќе знаеме каква е ситуацијата, но неговиот глужд воопшто не изгледаше добро, ќе видиме. Засега немаме добиено никаква медицинска дијагноза“, изјави селекторот Мартинез.