Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Милан покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.




Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.




„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти.




Јувентус и во минатото покажуваше интерес за Марсијал, а сега во трката за неговиот потпис се вклучил и Милан.