Дома Трансфер зона Марсијал откри зошто ги одбил Барселона и Јувентус

Марсијал откри зошто ги одбил Барселона и Јувентус

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал во зимскиот преоден рок се пресели на позајмица во Севиља, но шпанскиот клуб нема опција за откуп на крајот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марсијал има договор со „црвените ѓаволи“ до 2024 година и на лето ќе се врати на „Олд Трафорд“, а за неговата иднина ќе одлучува новиот менаџер на Јунајтед.

Марсијал откри дека во јануари имал понуди од Барселона и Јувентус, но преферирал да се пресели во Севиља.

„Вистина е дека Јувентус и Барселона ме сакаа и беа во контакт со мојот агент во јануари. Меѓутоа, јас ја избрав Севиља бидејќи тука имам поголеми шанси да бидам стартер и да играм повеќе. Сакам да играм на секој меч и да ги правам среќни фановите“, изјави Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…