Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал сака да остане во клубот до лето и не покажува интерес да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.
Како објави „Скај“, франсукиот напаѓач ги одби понудите од Марсеј, Фенербахче и клубови од Саудиска Арабија бидејќи сака да се избори за место во тимот на Ерик тен Хаг.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Раководството на клубот разговараше со Марсијал и неговиот менаџер и тешко дека ќе биде активирана клаузулата за продолжување на соработката за уште една година.
Договорот на 28-годишниот Марсијал со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2024.
Се очекува договорот за трансферот на Џејдон Санчо од Јунајтед во Борусија Дортмунд на позајмица да биде комплетиран најдоцна за два дена.
Клубовите постигнаа договор за надоместот и плата, а тоа е договор за позајмица до крајот на сезоната, без можност за купување на играчот.