Манчестер Јунајтед во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите на свој терен изгуби од Атлетико со 0:1 и со вкупни 1:2 беше елиминиран од натпреварувањето. Голот на одлука го постигна Ренан Лоди во 41. минута.
Секако, вниманието на фудбалскиот свет беше насочено и кон Кристиано Роналдо кој не успеа во овој натпревар да биде херој на својот тим. Се пишуваше дека Роналдо имал конфликт со Родриго Де Паул и дека Португалецот го одиграл еден од најслабите натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кристиано е голем професионалец, еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Сите го сакаме. Постојат работи кои се пишуваат за него во медиумите, а не се вистина. Бев заедно со него во таа соблекувална и знам што се случува“, изјави Марсијал во разговор за шпански „АС“.