Шпанскиот фудбалер за врска Иско Аларкон вчера беше во центарот на вниманието во тешкиот пораз на Реал Мадрид на домашен терен од ЦСКА Москва.
Иско не беше на потребното ниво и доби свирежи од трибините. Таквото однесување на играчот на Реал Мадрид не му се допадна, па им возврати.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Што сакате…“, им порача Иско на фановите, а неговата реакција наиде на голема осуда на социјалните мрежи.
Во негов прилог не оди и изјавата на Марсело псоле натпреварот.
„Свирежите од трибините секогаш се знак дека нешто не правите како што треба. Не ја забележав неговата реакција. Кога излегував од теренот тргнав да му ја дадам капитенската лента, но тој ја одби и ми кажа да му ја дадам на Карвахал. Не знам зошто го направи тоа“, изјави Бразилецот.