Ѕвездата на Реал Мадрид, Марсело за шпанските медиуми откри интересни детали од финалето во Лигата на шампиони во Киев.
„Кралевите“ ја освоија Лигата на шампиони во 2016, 2017 и 2018 година, а токму последниот пат, пред мечот со Ливерпул, Марсело преживеал вистинска „драма“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не можев да дишам, се обидував да не паничам. Тоа беше пред самото финале со Ливерпул 2018 година. Мислам дека нешто ми се заглави во градите, имав силен притисок, не нам дали сте почувствувале такво нешто, не зборувам за нервите, тоа се нормални работи во фудбалот, ова беше нешто сосема друго“, откри Марсело.
„Кога на крај се симнав на тревата, сè уште имав проблеми со дишењето и си помислив: ако морам да умрам тука вечерва – ќе умрам. Се построивме за почетокот на мечот, а кога ја видов топката на средина на теренот се се смени. Тежината ми падна од градите. Се смирив.“, додаде Бразилецот.
На крајот Реал славеше со 3:1 во финале кое го одбележаа двата големи кикса на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.