Дома Трансфер зона Марсело има три опции за продолжување на кариерата

Марсело има три опции за продолжување на кариерата

На 13-ти јуни Марсело на специјална церемонија ќе биде испратен од Реал Мадрид со кој освои се, а сега медиумите пренесуваат дека пред него ќе има три опции за продолжување на кариерата.

Марсело од Реал Мадрид заминува како најтрофеен играч во историјата на клубот, иако неговата желба беше да остане сепак не ја дочека понудата од Перез за продолжување на соработката и сега ќе побара нова дестинација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминува од Реал, но нема да стави крај на кариерата и ќе продолжи да игра фудбал на друга дестинација. „Марка“ открива дека најатрактивна понуда за Марсело е онаа од Турција, а покрај тоа има понуди од Арапските Емирати и Катар.

Имињата на клубовите засега не се откриваат, а Турција е примамлива затоа што би останал во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…