Директорот на Интер за финишот на тековната и плановите за наредната сезона.
Стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин е на чекор од потпишување со Интер, а околу Мауро Икарди се е отворено, откри директорот на црно-сините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој во разговор за „РАИ“ најави доаѓање на прво засилување, но и објасни какви играчи ќе бара Интер за летниот преоден рок.
„Во овој момент преговараме со Диего Годин, ги дефинираме условите за соработка. Планот на Интер за лето е да пронајде играчи кои можат да влијаат на тимот позитивно, зимајќи ги во предвид правилата на финансискиот фер-плеј. Микс на искусни и млади квалитетни играчи е идејата за наредната сезона“, изјави Марота.
Секако тука беше и прашањето за Мауро Икарди.
„Тешко е да се каже колкави се шансите да остане, тој е важен играч за овој клуб. Неговиот договор важи уште две години. Икарди е еден од најдобрите напаѓачи на пазарот и сите активности околу него ќе се одвиваат кога ќе дојде време и во договор со него“, одговори Марота.
За Спалети…
„Имаме доверба во Спалети, а Конте се споменува само затоа што е слободен и поради тоа што е трофеен тренер. Но, веруваме во Спалети кој направи тим кој расте. Нашата главна цел е Лигата на шампионите. Минатата година бевме петти, сега сме трети и тоа ни кажува дека одиме по вистински пат“, смета човекот кој дојде од Јувентус.