Дома Трансфер зона Мароканецот кој блескаше на СП блиску до трансфер во Англија

Мароканецот кој блескаше на СП блиску до трансфер во Англија

Maроканецот Азедин Унахи кој играше одлично на Светското првенство во Катар до крајот на сезоната би можел да се пресели во Англија во редовите на Лидс.

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Лидс започнал преговори со Анже за ангажман на Унахи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според најавите Лидс во овој момент е фаворит за неговиот потпис најмногу поради финансиската моќ кој ја имаат англиските клубови.

Унахи претходно се поврзуваше со Наполи, но понудата на Италијанците од 15 милиони евра не беше доволно.

Исто така се шпекулираше и за ПСЖ, меѓутоа набрзо пристигна потврда од Париз дека не се заинтересирани во овој момент да го доведат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…