Шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо ова лето ќе ја напушти екипата на Челзи.
Алонсо во последно време го загуби местото во првиот состав на тимот од „Стемфорд Бриџ“ и извесно е дека ќе си оди, а изгледа дека неговата следна дестинација ќе биде Атлетико Мадрид. Како што пренесува „Марка“, која секогаш добро е известена за тоа што се случува во Реал и Атлетико Мадрид, Алонсо се договорил со Ателтико и наскоро ќе биде претставен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне му ветил на Алонсо дека ќе има место во првиот состав, а тоа е нормално со оглед на тоа што клубот го напушти првиот лев бек, Лукас Ернандез кој си замина во Баерн Минхен за дури 80 милиони евра. Инаку, Шпанецот има договор со Челзи до летото 2023. година, а на заминување се одлучи откако што стана јасно дека Емерсон Палмиери е прв избор на тренерот Маурицио Сари на таа позиција.
Алонсо во Челзи пристигна летото 2016. година од Фиорентина, а оваа сезона одигра вкупно 39 натпревари, постигна четири гола и има седум асистенции.