Реномираната шпанска „Марка“ објави листа од петмина дефанзивци кои најдобро би му одговарале на Реал Мадрид.
Од „Марка“ во соработка со фирмата „Оlocip“ која се служи со вештачка интелигенција заклучи дека најдобро за Реал е да бара засилувања во срцето на одбраната затоа што резервните стопери Начо и Валехо се најслабо оценети играчи во тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нашиот модел врши квалитетна анализа која нас ни овозможува да дознаеме какво влијание би имал одреден играч на тимот. За да ги избереме најдобрите опции филтрирарвме стопери од повеќе од 50 натпреварувања кои се помлади од 28 години и кои веќе имаат одиграно 500 минути оваа сезона“, објавија од „Марка“.
На крајот во „Марка“ дојдоа до следните пет имиња: Жилс Кунде (Севиља), Маркос Сенеси (Феенорд), Пау Торес (Виљареал), Мануел Аканџи (Борусија Дортмунд) и Свен Ботман (Лил).