Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во сите светски медиуми и се погласни се шпекулациите дека Португалецот ќе го напушти Реал Мадрид ова лето.
„Марка“, весник кој е добро информиран за случувањата во „кралскиот“ клуб тврди дека иднината на Роналдо би можела да биде во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на светот е голема желба на ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, меѓутоа „Марка“ тврди дека би можел да се пресели во Италија.
Наводно 33-годишниот Португалец веќе разговарал со претставнивите на италијанскиот шампион Јувентус за евентуален трансфер во Торино после четвртфиналето во ЛШ.
Сепак, тешко е да се поверува дека италијанскиот шампион би можел да ги задоволи неговите финансиски барања, но „Марка“ е медиум кој е близок до Реал Мадрид и Кристиано Роналдо.