Пред Реал Мадрид е преоден рок во кој ќе има големи промени во играчкиот кадар за наредната сезона.
Промените веќе започнаа клубот веќе ги обезбеди Еден Азар, Лука Јовиќ и Милитао.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претседателот Флорентино Перез најави и дека од Реал Мадрид ќе си заминат голем број играчи. Во Реал Мадрид се незадоволни од резултатите минатата сезона во која овој клубот сака да направи целосен „ремонт“ за клубот да се врати во самиот врв наредната сезона.
Првиот чекор кој го направија беше враќањето на Зинедин Зидан на клупата, а потоа го потврди трансферот на Азар од кој се очекува да понесе голема одоворност наредната сезона.
Но, јасно е дека на Реал ќе му бидат потребни пари за ги остварат сите желби за засилувањата. Тоа е јасен знак дека клубот ќе мора да продаде добар дел од играчите, а „Марка“ денес пишува дека од Реал на трансфер листата ставиле дури 13 играчи.
Наводно од Реал на овие играч им порачале дека нема да сметаат на нив наредната сезона.
Како што пишува „Марка“ на трансфер листата се наоѓаат: Кејлор Навас, Хесус Ваљехо, Тео Ернандез, Серхио Ргулион, Маркос Љоренте, Лукас Силва, Матео Ковачиќ, Дани Себаљос, Мариано Диаз, Борха Мајорал, Раул де Томас и Герет Бејл.