Шпанската „Марка“ пред „Ел Класико“ потсети на смртта на Хулио Цезар Бенитез.
Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид денес од 16:00 часот ќе го играат првото „Ел Класико“ во сезоната и тоа во момент кога ниту на едните, ниту на другите не им оди баш најдобро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Домаќинот после четири кола има само седум бодови (натпревар помалку од Реал), додека „кралевите“ се со 10 бода и на „Камп Ноу“ ќе истрча со два порази зад себе – од Кадиз и Шахтјор.
„Марка“ сега потсети на дуелот кој требаше да се игра на 7.април 1968 година. Тој дуел се одложи само еден ден пред мечот поради смртта на тогашниот дефанзивец на Барселона Хулио Цезар Бенитез.
Бенитез е Уругваец кој дресот на Барселона го носеше од 1961 до 1968 година и за тоа време одигра 123 натпревари. Четири дена пред трагичниот настан Бенитез добил дозвола да го напушти тренингот и да оди на доктор затоа што не се чувствувал добро. Еден ден подоцна имал грозница, за потоа да се врати на тренинг каде што ситуацијата му се влошила.
Официјалните медицински податоци подоцна покажаа дека Бенитез починал од сепса за која причината не е утврдена.