Дома Трансфер зона „Марка“ повикувајќи се на сигурни извори: Зидан нема да биде тренер на Реал наредната сезона

„Марка“ повикувајќи се на сигурни извори: Зидан нема да биде тренер на Реал наредната сезона

Добро упатената „Марка“ тврди дека Зинедин Зидан нема да го тренира Реал Мадрид наредната сезона.

Реал во рок од 10 дена изгуби три трофеи, испадна од Атлетик Билабо во Суперкупот на Шпанија, потоа од Алкојано во Кралскиот куп, за со поразот од Леванте да направи голем чекор назад во трката со Атлетико за Ла Лига. „Јорганџиите“ во овој момент се на +10 од Реал, а освен тоа имаат и натпревар помалку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зидан ќе остане до крајот на сезоната на „стара слава“ и од почит за освоените три титули во низа во Лигата на шампионите.

„Марка“ повикувајќи се на сигурни извори објави дека и самиот Зидан знае дека нема да биде тренер на Реал наредната сезона и со клубот пријателски ќе се раздели.

Како главни фаворити засега во медиумите за негов наследник важат Масмилијано Алегри и Јулијан Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Марсијал

Јувентус се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиј…