Дома Топ вести „Марка“: Мбапе потпишува за Реал – познати деталите од договорот!

„Марка“: Мбапе потпишува за Реал – познати деталите од договорот!

Килијан Мбапе иако одлучил сепак, се уште го држи светот во неизвесност за неговата одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

„Одлуката ја донесов, но се уште не можам да ви ја соопштам. Сега не е вистинскиот момент, ќе ја дознаете многу скоро“, изјави Мбапе на вчерашната церемонија на која беше прогласен за најдобар играч во Лига 1 за изминатата сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, иако Мбапе не соопштил во Мадрид тврдат дека ја знаат неговата одлука. „Марка“ утрово објави текст во кој тврди дека агентите на Мбапе престојувале во Мадрид, а тогаш „Валдебебас“ бил затворен за јавноста. Перез молчи, меѓутоа се наведува дека забележително било неговото задоволство после состанокот.

Никој засега од Реал не се огласува на оваа тема, меѓутоа веројатно се чека да се заврши францускиот шампионат и комплетната сезона за да се избегне било каков конфликт со ПСЖ. Според информациите на „Марка“ Мбапе ќе потпише договор на пет години и во него ќе има откупна клазула од милијарда евра.

Со бонусите за потписот, даноците и слични работи трансферот бруто ќе го чини Реал околу 350 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…