Репрезентацијата на Хрватска утре го игра натпреварот против Англија во полуфиналето на Светското првенство во Русија
Хрватска успеа да го изедначи историскиот успех од 1998 година, но се надева дека ќе успее да отиде чекор подалеку, односно пласман во финале. Хрватската селекција утре во Москва игра против Англија која конечно успеа да ја сруши лошата традиција и да се најде помеѓу најдобрите четири во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На голот на „Гордиот Албион“ во претходните натпревари одличен беше Џордан Пикфорд, но тоа не ги загрижува премногу хрватските фудбалери. Искусниот Марио Манџукиќ пред утрешниот натпревар испрати порака до младиот голман.
„Видовме дека Пикфорд има навистина добро Светско првенство и брани одлично Тој е голем потенцијал и сигурен сум дека пред него е блескава иднина. Сепак верувам дека ќе најдеме начин да го изненадиме“, порача Манџукиќ.