Дома Фудбал Марез остана без зборови: Ваква расправа и викање не се случиле на ниту еден прес (Видео)

Марез остана без зборови: Ваква расправа и викање не се случиле на ниту еден прес (Видео)

Селекторот на Алжир, Рабах Маџер, се изнервира по едно новинарско прашаер на конференцијата по победата на Алжир над Централноафриканската република од 3:0.

Новинарот го запраша Марез за играта во националниот тим, но на Марез не му е дозволено од страна на тренерот на одговори на прашањето.

„Ријад дај ми две секунди. Господине Џебур, новинар на националниот тим, вие сте непријател на репрезентацијата. Вие сте непријател и тоа го кажувам јавно. Сушајте ме сега сите, Ве почитувам сите вас, но него не. Тебе не те почитувам“, истакна Маџер, а потоа почна кратката расправа.

„Замолчи, замолчи..“

Повеќепати се слушна тоа од Маџер кој беше бесен на новинарот.

„Иди во пензија и пушти ги момците да си ја работат работата. Следно прашање, молам“, беа зборовите на селекторот на Алжир.

Погледнете како изгледаше тоа

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…