Дома Фудбал Англија Марез ништо не го плаши: Ни трага, ни глас од Алжирецот…

Марез ништо не го плаши: Ни трага, ни глас од Алжирецот…

mahrez

Веќе четврти ден во низа во Лестер никој не знае каде најдобриот фудбалер на тимот Ријад Марез.

Алжирецот исчезна без трага откако Лестер одбиваше неколку понуди од Манчестер Сити во самиот финиш од преодниот рок.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Марез веќе четири дена не тренира со тимот го немаше во комбинација за натпреварот против Евертон, а извесно е дека нема да биде ниту за утрешниот против Свонси. Лестер му спрема парична казна во висина од две неделни плати што е околу 200.000 фунти, но изгледа дека Марез ниту таа санкција не го плаши.

Негови блиски пријатели кои сакаат да останат анонимни за островските медиуми зборуваа дека фудбалерот паднал во депресија кога Лестер не го пуштил во Сити. Клубот наводно му ветил дека ќе го пушти доколку некој клуб понуди повеќе од 50 милиони евра. Токму толку изнесуваше првата понуда, а последната изнесуваше 75 милиони евра, плус играч, но „лисиците“ бараа само 110 милиони евра што секако Сити не сакаше да плати.

Марез трансферот во Сити веројатно го сметаше за шанса на кариерата, па сега е разочаран од однесувањето на луѓето во клубот и наводно повеќе не сака да игра за овој тим.

Да потсетиме, Марез и минатото лето сакаше трансфер поради тоа го напушти и кампот на Алжир во последниот ден од преодниот рок во исчекување на трансфер во Арсенал или Барселона, но како и сега и тогаш немаше ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта договорил голем трансфер: Барселона добива засилување од Германија

Сè повеќе се шпекулира дека Барселона веќе го завршила својот прв трансфер за новата сезон…