Дома Фудбал Англија Марез го зеде телефонот од навивач и гледаше дали има пенал за Сити

Марез го зеде телефонот од навивач и гледаше дали има пенал за Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера беа поразени во гости против Ливерпул (3:1) во дербито на 12. коло во англиската ПЛ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Црвените во големото дерби повторно му одржаа лекција на тимот на Пеп и на крајот заслужено славеа со 3:1. Ливерпул сега има девет бодови повеќе од Сити и се наоѓа на одличен пат конечно после 30 години да ја освои титулата.

Домашниот тим поведе уште во шестата минута преку прекрасниот погодок на Фабињо. 2:0 беше веќе во 13. минута, а овој пат Браво го совлада Мохамед Салах.

После тоа од Сити бараа пенал над Стерлинг, но судијата не се огласи. Марез потоа го зеде телефонот од еден навивач кој беше покрај клупата и му ја покажа на Артета спорната ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Никој не го очекуваше ова од Дембеле на крајот од натпреварот во Минхен, а најмалку ѕвезда на Барселона (Видео)

ПСЖ се пласираше во големото финале на Лигата на шампионите каде ќе ја брани титулата шамп…