Ријад Марез во зимскиот преоден рок беше пред трансфер во Манчестер Сити, но сега настана пресврт и на лето би можел да ја напушти Премиер лигата.
Имено, ѕвездата на Лестер веќе долго време сака да го напушти клубот, а сега повторно почна да кокетира со Рома.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Марез беше пред трансфер во Сити во јануари, но „граѓаните“ имаат други трансфер мети за летниот преоден рок.
Италијанските медиуми тврдат дека неговиот менаџер е во постојан контакт со Рома и дека Марез веќе договорил соработка со „волчицата“.
Алжирецот има договор со Лестер до 2020 година, а „лисиците“ за неговата слобода бараат 60 милиони евра.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома е спремна да понуди 55 милиони евра за неговиот потпис и се претпоставува дека тоа ќе ги задоволи апетитите на англискиот клуб.