Дома Фудбал Останато Марадона „удри“ по Роналдо: Многу е далеку од најдобрите во историјата

Марадона „удри“ по Роналдо: Многу е далеку од најдобрите во историјата

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона изјави дека Кристиано Роналдо е далеку од тоа да биде најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот.

Марадона беше запрашан да го коментира зборовите на Португалецот кој пред извесно време се самопрогласи за најдобар фудбалер во историјата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секој може да го каже тоа што ќе му дојде на умот. Меѓутоа, јас не мислам дека Роналдо е најдобриот во историјата на фудбалот. Сигурно не е! Покрај тоа, јас го респектирам тоа што тој го постигнал во кариерата. Во моментов е премногу далеку да биде најдобар фудбалер во историјата“, смета Марадона.

Легендарниот Аргентинец потоа го коментираше влијанието на Роналдо и Меси врс своите репрезентации.

„Тука се зависи од соиграчите кои играат со нив. Од тимот кој селекторот на Португалија ќе го изгради околу Роналдо, и оној кој Сампаоли ќе го изгради околу Меси“, заклучи Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…