Диего Марадона од време на време знае да проговори во јавноста за случувањата во репрезентацијата на Аргетнина, така сега негова тема беше списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Венцуела и Мароко.
На овој натпревар Скалони ќе може да смета на Лионел Меси, но не и на Агуеро кој е вистински предводник на Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скалони за овие две средби одлучи да не го повика Агуеро, а поради таквата одлука доби критики од легендарниот фудбалер.
„Мило ми е што ќе го гледам Меси повторно во дресот на репрезентацијата. Но како може Агуеро да не добие повик!?Зарем нема телевизор, што треба да направи за добие повик? Не можам да поверувам дека за најдобриот играч на тим каков што е Манчестер Сити не доби повик“, изјави Марадона.
Инаку во јануари на почетокот на оваа година Марадона имаше проблеми со здравјето, но сега ситуацијата е во најдобар ред.
Марадона на почетокот на јануари беше хоспитализиран во Буенос Аирес поради внатрешно крварење, но по рутинскиот преглед неколку часа подоцна ја напушти болницата.
Сепак, мораше да се оперира за да го запре крварењето, а интервенцијата поминала во најдобар ред.
„Му благодарам на Бог што помина во ред. Сега му следува период на рехабилитација, по што ќе се врати на работата“, изјави тогаш неговиот адвокат.