Хрватскиот напаѓач, Марио Манџукиќ не сакал да го напушти Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во текот на целиот трансфер период, името на Манџукиќ се поврзуваше со заминување од Јувентус, особено затоа што не е во плановите на Сари, меѓутоа до трансфер не дојде. Манџукиќ ризикуваше и остана во Јувентус, барем до зимата, а италијанските медиуми во меѓувреме открија една од милионските понуди кои претходните недели ги имал на масата.
Искусниот фудбалер бил желба на Славиша Јокановиќ кој ја предводи Ал-Гарафа. „Gazzetta dello Sport“ пишува дека од Катар имало понуда до Јувентус која била прифатена, но трансферот го стопирал Манџукиќ, бидејќи не сакал да игра егзотичен фудбал. Наводно Ал-Гарафа му понудила на Манџукиќ повеќе од пет милиони евра за сезона.