Дома Трансфер зона Манџукиќ за 10 милиони си заминува од Јувентус, позната и следната дестинација

Манџукиќ за 10 милиони си заминува од Јувентус, позната и следната дестинација

„Господинот ‘нe’ е на пат да каже ‘да’“, пишува Corriere di Torino во натписот посветен на Марио Манџукиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Aвантурата на Манџукиќ во Јувентус е при крај. По одличните четири години во торинскиот клуб, хрватскиот напаѓач ќе го напушти Торино. Со доаѓањето на Сари искусниот фудбалер стана вишок во редовите на Јувентус, а воопшто не е пријавен за натпреварите во Лигата на Шампионите.

Манџукиќ не патуваше во Фиренца на гостувањето против Фиорентина, а Фабио Паратичи потврди дека трансферот е многу блиску до реализација. Истиот извор пишува дека следната дестинација на Манџукиќ ќе биде Катар и екипата Гарафа, а Јуве од неговата продажба ќе добие 10 милиони евра.

Овој 33-годишен фудбалер е член на Старата дама од 2015. година, а благодарение на својата борбеност стана миленик на навивачите на Јувентус. Меѓутоа, на секоја љубов и доаѓа крајот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…