Дома Фудбал Останато Манчини ја отфрли можноста да го наследи Вентура

Манчини ја отфрли можноста да го наследи Вентура

Отако Џампиеро Вентура заработи отказ на клупата на репрезентацијата на Италија неколку тренерски имиња се поврзуваа со клупата на „аѕурите“, а еден од нив беше и Роберто Манчини.

Сепак, тренерот на руски Зенит кој во четврток игра натпревар против Вардар во Лигата на Европа нема намера да седне на клупата на италијанската репрезентација.

„Да бидам искрен не сум изненаден што моето име се поврзува со селекторското место на Италија. Но, јас сега сум среќен во Зенит и немам намера да го напуштам. Кога во прашање е репрезентацијата, како и сите Италијанци и јас очекував Италија да игра во Русија, но она што се случи е голем удар за италијанскиот фудбал“, изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …