Италија се уште не е во финалето, порачува италијанскиот селектор Роберто Манчини на последната прес конференција пред утрешното полуфинале на ЕП против Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Ќе биде тежок натпревар, исто како тој со Белгија.“ – истакна Манчини и додаде: „Шпанија е инзоредна во последните неколку години, има многу млади играчи и одличен тренер.“
Манчини ги прокоментира и наводите на некои италијански новинари и фудбалски стручњаци дека Италија ја гледаат во финалето на ЕП.
„Италија се уште не е во финалето. Нема да биде лесно, треба да одиграме добар натпревар. Шпанија е врвна репрезентација.“
Натпреварот помеѓу Италија и Шпанија е на распоредот утре, 6 јули, со почеток од 21 часот, а ден подоцна во второто полуфинале ќе се сретнат Англија и Данска.