Селекторот на Италија Роберто Манчини имаше само пофални зборови за младиот дебитант Вилфред Гнонто.
Италија и Германија во саботата одиграа нерешено 1:1 во дерби натпреварот од групата 3, Дивизија 1 во УЕФА Лигата на Нации. Селекторот на „Аѕурите“ Роберто Манчини на овој натпревар даде шанса на дури шестмина дебитанти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓу нив најмладиот беше 18-годишниот Вилфред Гнонто. Во игра влезе во 65. минута, а само пет минути подоцна после одличен продор му асистираше на Пелегрини за водечкиот гол.
„Тој е се уште дете, има 18 години и не треба да го притискаме. Мора да расте полека. За своите години игра фудбал на начин на кој никој друг не може, исто така многу е брз. Неговата најдобра улога е како втор напаѓач, меѓутоа може да игра и на крило. Пред него е голема иднина“, изјави Манчини за италијанските медиуми.
Вилфред Гното е висок само 1.70, по потекло е од Брегот на Слоновата Коска. Изминатата сезона со многу успех настапуваше за новиот шампион на Швајцарија Цирих. Одигра 36 натпревари, постигна 10 голови и забележи пет асистенции.