Селекторот на Италија, Роберто Манчини е оптимист за шансите на Италија да се пласира на Мундијалот во Катар следната година.
Италија само неколку месеци откако го освои Еуро2020 заврши на второто место во квалификациите зад Швајцарија, а ждребот сакаше во полуфиналниот бараж да играат против нашата репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Успеавме да направиме нешто несекојдневно, усреќивме милиони луѓе. Горди сме на триумфот на Еуро2020. Но, Европското првен ство е сега зад нас и треба да размислуваме на нешто друго и да одиграме добро во баражот. Мислев дека ќе бидеме први, доминиравме и на натпреварот во Базел, но таков е фудбалот, добро што се уште имаме шанси да одиме во Катар. Ќе направиме се за да ја искористиме приликата“, изјави Манчини.