Шпанија е вториот финалист во Лигата на нации откако по драматична завршница ја совлада Италија со 2:1. Решавачкиот гол беше постигнат во последните минути од натпреварот.
Почетокот на натпреварот беше фуриозен на двете страни, бидејќи во првите 15 минути беа постигнати два гола, односно по еден на двете страни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во третата минута Пино го искористи проигрувањето на Бонучи и го чекираше Донарума, додека во 11. минута Имобиле ги врати работите на почеток по ударот од белата точка.
До крајот на првото полувреме подобри беа „аѕурите“, голот на Фратези беше поништен поради офсајд, и резултатот беше израмнет на паузата.
Продолжението донесе многу шанси од двете страни. Марота не се прослави пред италијанскиот гол, додека на другата страна Симон на одличен начин го запре Фратеси.
Победникот беше решен во 88. минута. Хоселу ја избегна офсајд замката по ударот на Родриго и успеа да ја испрати топката во мрежата.
Со оглед на прикажаното, особено во вториот дел, може да се каже дека Црвената фурија на крајот заслужено стигна до финалето.
Во финалето Шпанија ќе игра против Хрватска, која ден претходно во полуфиналето беше подобра од Холандија со 4:2.