Примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.
Минатата сезона Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Тен Хаг е доведување на централен напаѓач.
Јасно е дека Рома нема лесно да се ослободи од својата ѕвезда, но Јунајтед е спремен да понуди 80 милиони фунти.
После заминувањето на Роналдо клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека сака да го засили нападот, а Абрахам е на врвот на листата желби.