Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ја „блиндира“ младата ѕвезда

Манчестер Јунајтед ја „блиндира“ младата ѕвезда

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, потпиша нов договор и се обврза на верност со „црвените ѓаволи“ до 2023 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


18-годишниот напаѓач е дете на Манчестер Јунајтед, а оваа година се проби во првиот тим и покажува одлични партии.

Поради тоа клубот реши да го награди со нов, финансиски подобар договор, а со тоа и да го „блиндира“ младиот напаѓач.

„Да пораснеш како навивач на Манчестер Јунајтед и сега да играш за првиот тим е сон за мене. Знам дека кога сум на терен, ја претставувам целата академија и сакам да им се заблагодарам на тренерите за нивната верба во мене. Уште учам и ова е совршено место за да го достигнам мојот потенцијал“, изјави  Гринвуд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(ФОТО) Спектакуларниот Столе Димитриевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно блесна во дресот на Валенс…