Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и веќе работи на трансферот.
Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент, па „црвените ѓаволи“ почнаа да бараат негова замена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прва желба е токму Милинковиќ-Савиќ, кој игра уште една одлична сезона и сигурно ќе го напушти Лацио ова лето.
„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, а веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.
Се верува дека таа сума ќе ги задоволи апетитите на Лацио, но Јунајтед ќе мора да ја победи конкуренцијата, пред се на ПСЖ и Јувентус, кои исто така се силно заинтересирани.