Играчот за врска на Лестер, Џејмс Мадисон е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ веќе ги започнале преговорите за 22-годишниот фудбалер на Лестер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите се во почетна фаза и „црвените ѓаволии“ се уште немаат испратено официјална понуда, но се смета дека клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да понуди 60 милиони евра за Мадисон.
Минатото лето Лестер на Норвич му плати 20 милиони евра за неговиот потпис, а младиот играч за врска оваа сезона се наметка како клучен фудбалер на „лисиците“.
Мадисон во својата дебитантска сезона во Премиер лигата одигра 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша исто толку асистенции.
За него интерес покажуваат неколку англиски гиганти, но интересот на Манчестер Јунајтед е најконкретен.
https://youtu.be/zoCESVM4YW4