Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да го доведе Хари Кејн од Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.
„ЕСПН“ открива дека како дел од трансферот може да биде вклучен и Антони Марсијал, кој моментално е на позајмица во Севиља.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кејн се уште го нема продолжено договорот и медиумите тврдат дека на лето ќе инсистира да го напушти Тотенхем.
„Спарси“ за неговата слобода бараат 100 милиони фунти, но Јунајтед ќе се обиде да ја намали таа сума така што во трансферот ќе го вклучи Марсијал.
Познато е дека Конте е симпатизер на квалитетите на Марсијал, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Тотенхем на таквата понуда.