Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед со промени во структурата, има нов спортски и технички директор

Манчестер Јунајтед со промени во структурата, има нов спортски и технички директор

Манчестер Јунајтед денес изненадувачки објави значајни промени во клупската структура и назначи нови директори на две позиции.

Џон Марто официјално ја презема фукцијата на нов спортски директор, а Дарен Флечер кој од пред еден месец беше во штабот на Солскјер, сега е назначен за технички директор.

Марто од 2013 година беше одговорен за фудбалскиот развор на академијата и првиот тим. Тој сега ја презема функцијата на спортски директор и ќе биде одговорен за спортската стратегија на клубот.

Поранешниот фудбалер Дарен Флечер е назначен за нов технички директор, тој ќе работи со Марто и негова функција ќе биде врската помеѓу раководството со првиот тим и академијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди речиси 60 милиони евра за ѕвезда на Брајтон

Ливерпул испрати понуда вредна околу 58 милиони евра до Брајтон за Јанкубу Минте (22), но …