Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Ајакс, Мохамед Кудус, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ ги следеле настапите на 22-годишниот напаѓач на Светското првенство, каде одигра одлични партии за селекцијата на Гана.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кудус игра одлична сезона за Ајакс и оваа сезона постигна 4 гола во Лигата на шампиони, па го провлече вниманието на многу еврпопски гиганти.
Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и да ги искористи добрите односи со Ајакс, па веќе спреми понуда за Кудус.
Јунајтед ова лето веќе доведе две ѕвезди на Ајакс, дефанзивецот Мартинез и напаѓачот Антони.