Манчестер Јунајтед цело лето се обидува да го донесе Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“ и денес испрати последна понуда за младиот Англичанец.
„Скај Спорт“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ понудиле 100 милиони евра, од кои 80 милиони евра во кеш, а останатите 20 милиони евра во вид на бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стигнал експресен одговор од Дортмунд кој ја одбил понудата на Јунајтед бидејќи нема време да доведе адекватна замена за Англичанецот.
Сумата на која инсистира Борусија Дортмунд цело лето е 108 милиони фунти веднаш, па Санчо сигурно ќе остане и оваа сезона во Бундеслигата.
BREAKING: Borussia Dortmund have rejected a bid from Manchester United for Jadon Sancho worth up to €100m.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 29, 2020