Манчестер Јунајтед е спремен во своите редови да доведе уште двајца фудбалери на Лестер.
Откако што изминатото лето ги срушија сите рекорди за доведување на Хари Мегвајер, наскоро дресот на тимот од „Олд Трафорд“ би можеле да го облечат уште двајца играчи на Лестер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Солскјер сака во својот тим да го доведе левиот бек Бен Чилвел и играчот за врска Џејмс Медисон, па управата на клубот ќе се обиде да го ангажира во следниот период.
22 годишниот Џејмс Медисон е меѓу примарните трансфер цели на Оле Гунар Солскјер за летниот преоден рок, а наводно и тој изразил подготвеност да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.
Вчера се појави шпекулација дека тој ќе го продолжи договорот со Лестер, меѓутоа јасно е дека понуда од Манчестер Јунајтед би била многу попримамлива за него.