Манчестер Јунајтед ја пропушти шансата да го доведе Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд ова лето.
Сега е многу поверојатно дека Санчо следното лето ќе заврши во некој дриг клуб, а како фаворити се споменуваат Ливерпул и Баерн Минхен, тврди „Индепендент“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Весникот се повикува на блиски извори на Санчо, кој е разочаран на Манчестер Јунајтед, кој не успеа да го врати во Англија ова лето.
Санчо имаше договор со „црвените ѓаволи“, кои не сакаа да ги платат бараните 120 милиони евра. Јунајтед последно понуди 80 млиони плус 20 како бонуси, но Дортмунд ја одби таа понуда.
Сега Англичанецот предност ќе им даде на други клубови, а како фаворити се споменуваат Ливерпул и Баерн Минхен.