Ѓаволите имаат идеја, ќе видиме дали ќе ја спроведат на дело.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот за врска од Бенфика Жедсон Фернандес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој млад играч минатата сезона беше редовен во дресот на Бенфика, но оваа сезона, пред се поради повреди е во втор план.
Ѓаволите беа заинтересирани и летоска, па во јануари поради горенаведената ситуација, конечно би можеле да реагираат и играчот лесно да го ангажираат во своите редови.
Сепак, свесни дека во клубот постои одреден ризик од повреди, но и фактот дека Жедсон не е во натпреварувачка форма, имаат идеја прво да го доведат Жедсон на позајмица.
Идејата е младиот португалски репрезентативец во јануари да пристигне практично на проба до крајот на сезоната, но и со договор со португалскиот гигант да внесат опција за откуп на договорот за околу 40 милиони евра.